Вести Македонија Топ вести

Димитров: Изјавата на Закаријаш е несреќна, изразивме негодување и протест

Прилично несреќна изјава, со овие зборови вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ја искоментиора изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш која вчера во брифинг за новинари освен што македонскиот јазик го нарекла „северномакедонски“ изјавила и дека тој порано бил дел од бугарскиот јазик.

„Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – сетете се дека земјата си го смени името. Но, многу е тешко, бидејќи ова е поврзано и со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со северномакедонскиот јазик, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји“, рекла Закаријаш.

Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и МНР како институција, вчера на неколку нивоа регирале до Лисабон за изјавата на нивната државна секретарка.

„Добивме уверување дека изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон, кој што останува на линија на поругалскиот предлог. И беше изразено жалење во оваа смисла“, информираше Димитров.

Димитров притоа освен линиот став за несреќната изјава подвлече дека прашањето на македонскиот јазик е клучно за земјава.

„Прашањето на македонскиот јазик е клучно. Ниту имаме мандат за тоа воопшто да помислиме за тоа да преговараме. Во Европа ќе влеземе само во делот на македонскиот народ, се разбира, како Македонци кои зборуваат македонски јазик. И, го задржуваме правото тоа да си го браниме достоинствено, без разлика на какви изјави ќе наидуваме денес или во иднина“, дециден е Димитров.

А токму изјавата на претставничката на португалската влада пак го отвори прашањето каков е предлогот кој дојде токму од Португалија како претседавач со ЕУ за надминување на прашањето со Бугарија, за што Димитров вели дека е целосно спротивен. Тој денеска кажа што всушност предвидува португалскиот предлог за јазикот.

„Македонскиот јазик да остане таков како што е – со чиста формулација ’македонски јазик‘ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција. Значи, пристапот на португалскиот предлог во однос на македонскиот јазик е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на бугарскиот став од страна на Бугарија“, изјави Димитров.

Синоќа македонската влада излезе со реакција на изјавата на Закаријаш наведувајќи дека е наведувајќи дека е противна на португалскиот предлог за изнаоѓање на решение со став дека ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко разбирање. Во рекацијата од владата стои и дека контекстот и моментот се крајно сензитивни и и повикува претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со македонските национални прашања.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе