Незадоволство кај менаџментот на енергетските компании по состанок што зад затворени врати се одржа со регулаторите за утврдување на новата цена на струјата. Според информациите на Телма, состанокот имал помалку тензична атамосфера, бидејќи трошоците што ЕВН и МЕПСО ги пријавиле, а што влијаат на крајната цена на струјата, не биле во целост прифатени од регулаторите.
Според нашите информации, дел од засегнатите компании предупредиле дека доколку забелешките не им бидат прифатени не ја отфрлаат можноста да бараат правна разврска, по објавата на новата цена на струјата.
Според информациите МЕПСО пријавил трошоци од околу 12 милиони евра, но прифатени се само мал дел како оправдани, а слично е и кај ЕВН.
Енергетските компании убедувале дека им се загрозуваат инвестиции од странските кредитори, но регулаторите останале на ставот дека поради кризата ќе се прифаќаат само инвестиции што ќе ја зајакнат енергетската инфраструктура. Според пресметките што регулаторите им ги соопштиле на енергетските компании, цената на струјата би се зголемила за нешто повеќе од десет проценти, но бидејќи се намалува ДДВ за струјата, новата цена, што ќе биде соопштена утре, најверојатно ќе има незначителна промена.