Земјава конечно доби дигитална алатка за ефикасно следење и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој – електронскиот систем sirera.mk. Целта е тој да и помогне на Владата, но и на другите државни институции во развојот на општините и регионите и конечно достигнување на инвестиции од 1% од БДП во рамномерен регионален развој.
Вкупната вредност на проектот е 5 милиони швајцарски франци, од кои 3,3 милиони швајцарски франци се од Швајцарската Влада и Амбасада, а остатокот од домашниот буџет.