Свет Топ вести

4 лица убиени во кавга за поделба на песочни плажи во албанското туристичко место Велипоја

Шокантно крвопролевање ја потресе албанската јавност минатата ноќ, 30 минути по полноќ.

Четири луѓе се убиени, а двајца ранети во вооружена пресметка на плажата „Пулај“ во познатото туристичко место Велипоја, во северниот дел на Албанија.

-Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг, изјави директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај.

Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.

Албанските медиуми оценуваат дека ужасните убиства исклучително негативно ќе влијаат врз туристичката сезона во Албанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неуспешна прва рунда од преговорите за мир во Украина

Дејан Дејан

Во сабота во Градски парк настан на кампањата „Крени глас“ на Макпетрол – „Со позитивна енергија против врсничко насилство“

Дејан Дејан

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе