Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, изјави дека луѓето имаат право да знаат како дошло до урнувањето на 12-катната зграда во градот Мајами, додека потрагата по преживеани продолжува со ненамален интензитет. Бројот на луѓето кои засега се водат како исчезнати останува 159, потврдија надлежните, додека 4 луѓе ги загубија животите во урнувањето на зградата. Прашањата како воопшто можело да дојде до урнувањето на зградата се зголемува.
Гувернерот Де Сантис повика на брзо откривање на причините за трагедијата, додавајќи дека неопходно е да се дозна дали станува збор за поголем проблем, или нешто уникатно за зградата која се урна. Станбениот блок бил изграден 1981-та година а овој период се спроведувал и процес на проверка на стабилноста на секоја 40 години стара зграда, во согласност со градските правила.
Спасувачите работат во смени со ограничен број луѓе присутни покрај урнатините заради стравувањата од дополнителен колапс, но не ја губат надежта дека ќе најдат преживеани луѓе.