Македонија

Околу 15 штипски здравствени работници чекаат ковид награда

Околу 15 штипски здравствени работници, кои во битката со коронавирусот се вклучиле по 6 декември лани се уште ја немаат добиено заслужената ковид награда од 30.000 денари.

Директорот на болницата, Ѓеорѓијев вели дека списокот е доставен и се чека одобрување за да се исплати наградата.

Станува збор за околу 7.500 евра, кои болницата без амин од ресорното министерство не може да им ги даде на здравствените работници.

Во штипската болница се хоспитализирани тројца пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе