Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на шесте земји од Западен Балкан.
„Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули“, ова го порача министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири на состанокот на министрите од шесте земји од Западен Балкан, што се одржа во Подгорица.
Нагласи дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу шесте земји од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.