Најважни Свет

Четворица мртви, стотина повредени- силно торнадо во Чешка

Силно торнадо зафати во текот на вчерашниот ден повеќе села во Чешката република, убивајќи 4 луѓе, додека повеќе од 100-тина се повредени.

Несекојдневната временска непогода за овој дел од светот, корнеше дрва и покриви од куќите и зградите и преврте голем број автомобили во регионите на југо-источен Брецлав и Ходонин.

Биле регистрирани разорни ветришта кои се движеле со брзина од 219 км на час а најтешко зафатените села наликуваат на воена зона.

Во овој дел од Чешката република, паѓал и град со големина на тениски топки.

Владата во Прага соопшти дека повеќе од 1000 куќи претрпеле голема материјална штета и локалните власти преземаат мерки итно да им помогнат на луѓето чии покриви на куќите се уништени.

  • Не можам да ви опишам, како во воена зона. Сè се вртеше наоколу и леташе во воздух, го однесе нашиот кров.
  • Дрвјата паѓаа, патиштата се блокирани. Не можам да си одам дома.
  • Половина од покривот го нема, прозорците се скршени, внатре влезе вода, не можеме да живееме веќе таму. Се надевам нема да врне повторно. Мајка ми има куќа и затоа сега одиме таму, велат граѓаните.

Силното невреме,  остави и над 120 000 домаќинства без електрична енергија. Околу 360 полицајци се испратени како итна помош во регионот, заедно со војската.

На спасувачите од цела Чешка, како помош им дојдоа и нивните колеги од Австрија и Словачка. Со дронови и хеликоптери се пребаруваат остатоците од најтешко погодените села, каде се бараат евентуално повредени или преживеани луѓе.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе