Македонија Најважни

Нема лекарска грижа за осудениците зависници во затворите низ Македонија

Загрижувачки наоди во годишниот извештај на народниот правобранител. Во некои казнено поправни установи третина од популацијата се зависници а има еден општ лекар или воопшто нема лекар. Здравство не реагира на дописите на правобранителот за дополнитело ангажиурање на медицински тимови. Во полициските станици пак речиси никој не бара адвокат бидејќи ретко кој го знае тоа право, полициските службеници не ги охрабруваат на тој чекор, ниту пак има листи со контакти на дежруни адвокати по службена должност

За осудениците и притворениците зависници речиси и да нема лекарска грижа во затворските устаови а во полициските станици приведените ретко бараат бранител бидејќи не го знаат тоа право ниту пак се известени при приведувањето. Ова се само дел од сериозните порпусти кои се нотирани во годишниот извештај на народниот правобранител.

Тимовите на Правобранителот во ноември минатата година ги посетиле затворите во Куманово, Тетово и затворот „Идризово“ а состојбата ја оцениле како загрижувачка. По еден општ лекар со една или без медицински сестри и без стручни лица од областа на психијатријата кои препишуваат погрешни терапии или дози, некогаш и на барање на самите осуденици. Правобранителот побарал од Миинистерството за здравство да ангажира дополнителен персонал но со месеци ниту добиле одговор ниту пак ништо не е превземено.

Од здравство пак соопштија дека бараат решение бидејќи лекарите не биле заинтересирани да работат во казнено поправнте установи

Во полициските станици пак нема јавно достапни листи на адвокати по службена должност  на трошок на државата а полициските службеници некогаш и ги одвраќаат приведените од оваа законска можност.

Тимовите на народниот правобранител ги посетиле и прифатнице центри а како проблем го нотираат фактот што заради справување со пандемијата на коронавирусот е донесена одлука сите баратели на азил и затекнати мигранти да се сместуваат во центарот „Винојуг“.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе