Со делење летоци на автомобилите и предупредувачки блокади, два часа активистите за чиста околина во Гевгелија протестираа на влезовите во градот. Бараат парламентот да ја преиспита одлуката за носење на Законот за отпад по скратена постапка. Во Гевгелија велат, нема место за фабрика и складиште за РДф гориво.
Според активистите, регионот е под закана за отворање на рудниците.
Велат дека имале информации дека такви активности се одвиваат во Владата.
Гевгеличани први во регионот се изборија против геолошки испитувања на планината Кожуф, а а нивниот активизам се прошири и низ целиот Југоисток последните четири години.
Сузана Мицева