Македонија Топ вести

МВР го менува софтверот, лични документи ќе се издаваат од понеделник

МВР го надградува сифтверот за да може личните документи да се издаваат на јазиците на етничките заедници како што предвидува Законот за јазици па затоа шалтерите во управните служби ќе се затворат утре и ќе продолжѓат со работа во понеделник. Од Министерството сметаат дека ова нема да предизвика турканици и дополнителен застој во издавањето на документи а доколку денеска успеете да закажете термнин за сликање ќграѓаните треба да чекаат речиси еден и пол месец.

Примената на Законот за јазици односно обврската личните документи да се издаваат и на јазиците на сите етнички заедници споменати во Уставот е причината поради која во наредните неколку дена нема да се примаат апликации или да се издаваат лични карти, пасоши и возачки дозволи.

Системот за прием и извадање на лични документи ќе биде вон употреба од утре вечер и ќе продолжи со работа во понеделник наутро. Граѓаните кои имаат закажно термин, во овој период, а вадат документи по итна постапка  ќе може да го сторат тоа на закажаното место до крајот на работното време и утре до пладне додка за останатите кои одат по редовна постапка  ќе треба да се појаватр во управните служби на МВР од понеделник.  Сите граѓани чии документи се готови ќе може да ги подигнат до крајот на утрешниот ден.

А во мометов има зголемена побарувачка за издавање на лични документи па ако денеска успеете да закажете терминот кој ќе го добиете по речиси еден и пол месец, на 9 август.

Од МВР сметаат дека овој застој нема да ги зголеми турканиците на шалтерите на кои граѓаните се жалат и додаваат дека доколку е потребно наредната недела ќе го зголемат работното време на управните служби.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ реагираа и ја обвинија Владата дека поради недостатокот на документи ги принудува граѓаните да ја користат истаната постапка која е три пата поскапа од регуларнот издавање на пасоши, лични карти и возачки доазволи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе