Четири месеци пред локалните избори и два-три месеци пред официјалното кандидирање, речиси сигурни се кандидатурите на Петре Шилегов и Стефан Богоев од СДСМ, Митко Јанчев од ВМРО ДПМНЕ, Арбен Таравари и Албон Џемаили од Алијанса-Алтернатива, Рамиз Мерко и Еркан Арифи од ДУИ. Официјално, партиите посочуваат дека е рано за објавување имиња.
СДСМ посочува дека во тек е предлагањето на сите можни кандидати во месните одбори, од кои потоа ќе се бираат најдобрите решенија.
Партијата е уверена дека е фаворит и на овие локални избори.
И во ВМРО ДПМНЕ тече постапката на анализирање на ветеното и стореното. Пред да се излезе со кандидатури, ќе се направат проверки и пред граѓаните и пред партиските органи.
За ВМРО ДПМНЕ, Петре Шилегов е најлошото нешто што му се случило на Скопје по катастрофаниот земјотрес, бидејќи ветувал како фараон, а ништо не исполнил. За Шилегов, сосема е сеедно дали опозицијата повторно ќе му го спротивстави Коце Трајановски или ќе се определи за нов кандидат.
Владеачката ДУИ веќе се ребрендираше во зелена партија и почна јавно да им дава поддршка на некои актуелни градоначалници.
Лидерот Али Ахмети го посети Липково, а вицепремиерот Артан Груби – Струга, каде заедно со Мерко гледаа како се уриваат дивоградби.
Алијанса-Алтернатива е уверена дека резултатите на актуелните градоначалници во Гостивар и во Боговиње се доволно значајни за да добијат уште еден мандат.
За кандидатите во другите општини, анализира.
Предизборните коалиции нема да бидат изненадување, особено меѓу владеачките СДСМ и ДУИ. Изненадување за четирите големи партии може да донесе Левица или заедничкиот настап на ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз.
Соња Николовска
https://youtu.be/94sJOF9LJzI