Економија

Владата не се повлекува од еколошката такса – законските измени утре пред министрите

Владата не планира да се повлече од воведувањето на еколошката такса од 4,13 денари со ДДВ за нафтата и бензините. Утре  министрите на владина седница треба да донесат одлуки и за двете законски решенија – тоа за новиот зелен данок, но и  за намалување на ДДВ-то за електричната енергијата  од 18 на 5 проценти.

И покрај жестоките реакции на сите бизнис комори, но и на јавноста, дека новиот зелен данок ќе удри по стопанството, но и по стандардот на граѓаните, министерот Бесими вели дека планот е тој да почне да се собира од 1 јули.

Бизнис коморите реагираа дека не биле консултирани при носењето на оваа мерка и дека  ваквите ад хок решенија се на штета на бизнисот, но и на куповната моќ на граѓаните бидејќи тоа ќе ја одврти инфлаторната спирала. Бараа владата да најде други алтернативни начини на полнење на државната каса.

Но Бесими е категоричен дека двете законски новини се веќе вкалкулирани во ребалансот на буџетот.

Се менуваат два закони. Едниот за ДДВ-то на електричната енергија е кај ресорот финансии, а еколошката такса  треба да ја вметне во законско решение Министерството за животна средина.

Планот на владата е за шест месеци да собере 27,4 милиони евра во буџетот од еколошката такса.

Или годишно во државната каса да се слеваат по 54 милиони евра.

Со тоа ќе се компензира пак ударот врз буџетот од намаленото ДДВ за електричната енергија, решение кое се носи за да се спречи големо покачување на цената на струјата од август.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе