Македонија Топ вести

Средношколците бараат одговори, кој ќе одговара за наплаќање на свидетелство

Средношколците сеуште чекаат Просветниот инспекторат да соопшти што открил при инспекциите во четири гимназии кои беа посочени дека наплаќале пари од учениците за свидетелства. Инспекторатот официјално ќе излезе утре. Во меѓувреме средношколците сведочат дека дел од професорите им ги вратиле парите за кои трврделе дека се потребни за некој да им го пополни свидетелството. Зошто нема свидетелства без прецизен одговор. Од МОН ја префрлеата топката кај Бирото за развој на образованието.

Сојузот на средношколци бара одговори и одговорност за скандалот со наплата на свидетелства на ученици во четири гимназии во Скопје, Тетово и Прилеп. Тие го повикаа просветниот инспекторат од кого побарале одговои пред точно еден недела јавно да ги објави извештаите од спроведени инспекции во гимназиите кои наплаќале за свидетелства.

Од учениците се наплаќало од 30 до 150 денари за свидетелство во зависност од гимназијата а во некои гимназии професорите вбеќе им ги вратиле парите на учениците

Од просветниот инспекторат пак соопштија дека записниците ќе бидат готови утре и тогаш ќе може да се направи увид.

Сојузот на средношколци реагираше и за неажурноста на надлежните кои не обезбедија свидетелства за учениците на крајот од годината. Свидителства во рака ќе има само за деветоодделенците и матурантите бидејќи им се потребни за упис, за останатите ученици тие ќе бидат доделени до 31 август, но за точниот датум ќе бидат дополнително известени.

Бирото развој за образование со допис ги информираше директорите на основните и средни училишта дека доделувањето на свидетелства не може да се изврши во „вакви услови“

Зошто доцнат свидетелствата за основците и средношколците останува нејасно и дали причината е тендерската документација. Во меѓувреме Министерството за образование и наука во дадениов случај ја префрла топката на Бирото за развој на образование за кое вели дека е должно да ја обезбеди педагошката документација.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе