Ракомет Спорт

Втор пораз од Србија за македонските ракометари – денеска многу поубедлив

Македонската ракометна репрезентација и по втор пат загуби од Србија на контролниот наптревар одигран денеска во салата „Чаир“ во Ниш. По вчерашните 29-26, момците на селекторот Кирил Лазаров денеска беа поразени многу поубедливо со 33-23.

Македонија на овие два натпревари играше со подмладен состав, односно Лазаров тестираше ракометари од домашното првенство. Ниту Србија не играше со најдобрите играчи, но дефинитивно имаше поквалитетен ростер, бидејќи шанса добија неколку интернационалци.

На полувремето нашиот северен сосед водеше со 17-11, но во второто полувреме македонските ракометари не можеа да го поправат впечатокот, па на крајот загубија со убедливи 33-23.

Фото: рсс.рс

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе