Вести Македонија Најважни

На Табановце се чека 45 минути

Голем број македонски граѓани утринава тргнаа кон Србија да ја примат втората доза од вакцината Астра Зенека. Десетина илјади Македонци кон крајот на март самите се пријавија за имунизација во Србија и добија покани за вакциналните пунктови во Врање, Ниш и Белград. Оние кои се вакцинираа со Синофарм, Фајзер и Спутник имаа можност да се ревакцинираат во нашата земја, но не и оние кои се под 60 години, а во Србија ја примија вакцината на Астра Зенека. Тие викенодов повторно ќе мора да одат до Ниш и Врање и Белград за да ја примат втората доза.

На граничниот премин Табановце се чека по 45 минути за влез во соседната земја.

– Сите оние кои прв пат се вакцинираа во Белград, ќе мора на ревакцинација да дојдат во Белград. Така ни е речено од Белград и ние тоа мора да го почитуваме. Знам дека на Македонците полесно им е втората доза да ја примат во Ниш, но од Министерството ни објаснија дека постојат технички проблем тоа да се реализира, изјави за „Нишке вести“ директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан.

Тој додаде дека во последните два дена веќе се ревакцинирани околу 800 државјани на  Македонија.

– Сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе можат да ја примат и втората доза, нека не се грижат, кажа Јеркан, според кој, во Ниш веќе се набавени и има вкупно 6.500 дози на „Астра Зенека“ за македонските граѓани.

Тој додаде дека луѓето не треба да брзаат и дека до вторник можат да дојдат во Ниш да ја примат вакцината.

Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ денеска изјави дека 13.000 граѓани од регионот и Европа биле поканети во сабота и недела да се ревакцинираат на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза.

– Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5.000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјави Бекиќ за телевизијата К1.

Тој додаде дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе