Македонија

Од утре во Грција може да се влезе и со рапид тест

Грција ги олабави ограничувањата за македонските туристи. Деца до 12 години од утре ќе може да патуваат без ПЦР тест, а останатите наместо досегашните ПЦР тесотови, ќе можат да приложа таканаречен брз ковид- тест.

Согласно ваквата одлука, Македонија и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, пренесува МИА. Ова значи дека за патување кај јужниот сосед сите граѓани над 12 години можат да се приложи сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или негативен резултат од брз тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција, или  пак потврда за прележан коронавирус, како и да се попоплни задолжителниот формулар.

Промените вчера ги најави заменик -министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хар-да-љас, а денеска ги потврди Министерството за туризам. одлуката важи од утре до 28 јуни

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе