Македонија

Три години од Преспанскиот договор

17 Јуни 2018 година во Нивици се ставија потписите на Преспанскиот договор со што се отвори патот за решавање на деценискиот спор со Грција.

Три години подоцна, Македонија веќе е полноправна членка на НАТО, билатерлните односи со Грција се издигнати на повисоко ниво  но на внатрешен план предизвиците се уште постојат а произлегуваат од промената на уставното име на државата и импликациите во однос на националниот идентитет.

Нема  консензус за ова прашање а опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека доколку дојде на власт ќе го ревидира договорот.

Но на надворешен план тој доведе до стабилност на регионот.

Премиерот Зоран Заев на својот фејзбук профил напиша дека Договорот од Преспа  е достоинствено и прифатливо решение за двете страни.

“Светот и меѓународната заедница оддадоа признание дека спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање” – напиша Заев.

Поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас во интервју за МИА вели дека со Преспанскиот договор ЕУ била принудена да го одмрзне процесот на проширување.

Доколку се уште бил на власт ќе инсистирал на негова доследна примена.

“Имплементацијата на Договорот не се одвива во лабораториски услови. Само со постојана комуникација, почит, упорност и градење доверба можеме заедно да им одговориме на оние кои сакаат да го поткопаат Договорот. Па така, високо ќе ја поставевме целта за спроведувањето на Договорот од страна на Грција и истото ќе го побаравме и од нашите пријатели. Во оваа рамка, како што беше случај со многу други јавни ентитети во Македонија, особено за време на владата на СИРИЗА, навремено ќе беше решено и прашањето со дресовите на репрезентацијата, на начинот предвиден во Договорот од Преспа.” – вели Ципрас.

Една година по потпишувањето на Договорот во Грција се одржаа избори на кои владејачката СИРИЗА изгуби а на власт дојде Нова демократија.

Иако како опозиција го негираа и го сметаа за штетен, актуениот грчки премиер Мицотакис откако застана на чело на Владата го почитува Договорот од Преспа.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе