Во центарот на Скопје, кај комплексот банки, попладнево се запали автобусот на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат.
Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување на нафта. Противпожарната екипа интервенираше во гаснење на пожарот и сега е завршено, рече Симоновски.
И од МВР потврдија дека „причината за пожарот е моторот“ и дека тој веќе е изгаснат.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.