Вести Македонија

СДСМ на оглас бара кандидати за градоначалници

Сите полнолетни, работоспособни и деловно способни лица, кои сакаат да бидат градоначалници на општина или на градот Скопје, можат да се пријават на огласот на СДСМ, распишан денеска. Услов е, да бидат „чесни и угледни индивидуи, кредибилни и препознаени во локалната средина, кои ги поддржуваат политиките на партијата и имаат идеи да ги надградуваат, но и ги  споделуваат социјалдемократските вредности и идеали.

Ново овојпат е што, од кандидатите се бара да достават детална програма со предлог идеи, проекти и визија за развој на општината или градот Скопје за периодот 2021-2025 година. Огласот ќе трае до крајот на месец јуни, по што ќе следува евалуација, а и истражувања на јавното мислење за да се провери рејтингот на кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Бирањето кандидати на овој начин не е новина во СДСМ. Оглас беше распишан и пред изборите за претседател на државата, на кој беа пријавени 24 кандидати. На крај, потесното раководство го избра Стево Пендаровски.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе