Свет Топ вести

Во Брисел продолжува дијалогот Белград – Приштина

Во Брисел денеска се одржува нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, билатерално ќе се сретне во 9.30 часот со главниот медијатор на Европската унија во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Жосеп Борел.

По одделните билатерални средби меѓу Борел и Албин Курти и со Вучиќ, трилатерална средба треба да започне околу 10.30 часот, на која ќе присуствуваат претседателот на Србија, премиерот на Косово, министерот за надворешни работи на ЕУ и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

ЕУ, која е главен медијатор во дијалогот, посочи дека ова е продолжение на процесот започнат во 2011 година, а не почеток на нов дијалог.

Последната рунда разговори се одржа на 10 декември 2020 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин нема да биде дел од мировните преговори во Истанбул

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе