Македонија загуби со 3:1 на деби натпреварот на Европските првенства но останува впечатокот дека пружија одлична игра на теренот и силен отпор на фаворизираната австрија која дури во 78 минута, преку резервите, успеа да го скрши отпорот и да постгине гол за на крајот да го запечати натпреварот.
Капитенот Горан Пандев, кој вчера го постигна голот за Македонија е вториот најстар стрелец во историјата на Европските првенства со 37 години и 321 ден.
Селекторот Ангеловски дециден – грешките се анализирани и нема да се повторат на натпреварот во четврток против репрезентацијата на Австрија кој ќе биде клучен за евентуалниот пласман во следното елиминациско коло на Европското првенство. Капитенот Пандев најавува беспоштедна борба во која тимот ќе оди на се или ништо.
А фановите со измешани емоции – радост, тага и надеж.
Поддршката на стадионот во Букурешт не изостана ниту пак стивна.
Бурно беше и во Скопје каде речиси и да немаше слободни маси во бавчите на кафулињата и кафеаните. Во еден здив се гледаше натпреварот и се бодреа репрезентативците.
Премиерниот гол на Македонија на Европските првенства беше прославен еуфорично.
Разочарани но далеку од поразени беа фановите. Со аплауз и овации го проследија крајот на натпреварот.
Иако очекувавме дијамтрално спротивен резултат, надежите не спласнаа. Играчите покажаа на теренот дека се се освен аутсајдери и тоа го препознаа и гледачите пред телевизиските екрани. Украина ќе падне и ние одиме понатаму. Сега е наше време.
Огнен Чанчаревиќ