Поранешните концесионери и сопственици на плажите во Струга утрово почнаа сами да ги отстрануваат металните конструкции изградени во водите на Охридското езеро, откако во петокот добиле решение од општината веднаш да ги урнат. Сопственикот на плажата Версус, Галип османовски вели дека се соглсиле доброволно да ги отстраната платформите на кои се поставени летните тераси, но негодуваат што таква наредба добиле на почетокто од сезоната.
-По нареднба постапуваме, по решението што го добивме во петокт, не чекавме сами стартовавем за отсранување на палтформите. Ова можеше да биде псоле сезоната, но така решија, ние така постапивме, рече Галип Османовски, сопстевник на Плажа Версус во Струга
Струшкиот градоначаклник Рамиз Мерко кој во изминатиот перидо постојано тврдеше дека на Струшкото крајбрежје нема ниту една дивоградба во заштитената зона, и понатаму останува на истиот став, но сега вели дека одлучил да ги отстрани палтформите за да не биде обвинет дека тој е најголемиот виновник Охрид да го изгуби статусот град на УНЕСКО
-Овде нема диви градби, а ова што го правиме доброволно и солидарно. А после ова чекаме од државата и од комисија на УНЕСКО, да ни даде план за подобар развој. Ако овој пЛАН со платформи не е добар, да ни кажат што понатака, рече Рамиз Мерко градоначалник на Струга
Акцијата за уривање на платформите во Струга ја следеа вицепремиерот Артан Груби и минисетрето за информатичко општество Јетон Шакири. Тие ја поздравија одлуката на градоначалникто Мерко и тврдат дека не е донсена под пристиоск на јавноста./
-Како што ме информира сопстевникот на плажата Галип, целата палтформа е законски изградена, има дозвола за градба. Но, во дијалог со општинските власти, во согласнсот со препораките на УНЕСКО ќе се отсраната платформите што ги гледате тука, преку дијалог на бизнис заедницата и општината, рече Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем
На Струшкото крајбрежеје ќе се уриваат 6 платформи на плажите во центарот на градот, а останатите како оние во Радожда градоначалникт Мерко вели дека нема намера да ги острани, затоа што тврди дека тие не се опасност за езерото. УНЕСКО во двата извештаи платформите и другите изгардени нелегални градби посочи дека го загрозуваат статусот на Охридскиот регион и се закана тој да се најде на листата светско наследсво во опасност.
Емилија Мисирлиевски