Поранешните концесионери и сопственици на плажите во Струга утрово почнаа сами да ги отстрануваат платформите изградени во водите на Охридското езеро на кои се поставени летнити тераси, откако во петокот добиле решенија за уривање од Општината. Негодуваат затоа што акцијата се спроведува пред почетокот на сезоната.
-По нареднба посотапуваме, по решението што го добивме во петокот, не чекавме сами стартувавме со отсранување на палтформите. Ова можеше да биде после сезоната, но така решија, ние така постапивме, рече Галип Османовски, сопственик на плажа „Версус“ – Струга
Струшкиот градоначаклник Рамиз Мерко и натаму останува на тврдењето дека во заштениот појас на Струшкото крајбрежје нема ниту една дивоградба, а сега вели дека одлучил да ги отстрани платформите за да не биде единствениот виновник дека Охрид ќе го изгуби статусот град на УНЕСКО. Но, вели дека нема да ги урива платформите во Радожда, затоа што тврди тие не го загрозуваат езерото.
-Овде нема диви градби, а ова што го правиме доброволно и солидарно. А после ова чекаме од државата и од комисија на УНЕСКО, да ни даде план за подобар развој. Ако овој палн со платформи не е добар, да ни кажат што понатака, рече Рамиз Мерко градоначалник на Струга
Според регистарот на дивоградби, во Струга се поднесени 11 илјади барања за легалзиација, од нив 4000 се одбиени, но, ниту една не е срушена. Сега ќе се отсрануваат само платформите во езерото.
- На струшкот крајбрежје ќе се уриваат 6 платформи во водите на езерото. Сите сопственици прифатиле сами та ги отсранат металните конструкции. Од Општината велат дека им стојата на располагање доколку им е потребна помош.
Акцијата за уривање на платформите во Струга ја следеа вицепремиерот Артан Груби и министерот за информатичко општество Јетон Шаќири. Тие ја поздравија одлуката на градоначалникто Мерко и тврдат дека не е донесена под пристисок на јавноста.
-Како што ме информира сопственикот на плажата , целата платформа е законски изградена, има дозвола за градба. Но, во дијалог со општинските власти, во согласност со препораките на УНЕСКО ќе се отстранат платформите што ги гледате тука, преку дијалог на бизнис заедницата и општината, рече Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем
Уривањето на платфрмите во Струга се спроведува веднаш откако ДУИ ја промовираше зелената агенда. Градоначалникот Мерко долго време се спротиставуваше да постапи по препораките на УНЕСКО, во чии извештаи платформите и другите изградени нелегални градби се посочува дека се закана Охридскиот регион да се најде на листата светско наследсво во опасност.
Емилија Мисирлиевски