Ученици во основни и средни училишта од Скопје, Гевгелија, Битола и Прилеп, крајот на учебната година го дочекаа со намалени поведенија поради бојкотот на наставата, мотивиран од воведувањето на дигиталните учебници во четврто одделение од септември.
Од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“, сметаат дека е тажно да се прави притисок врз учениците зашто бојкотот е дозволен со закон како демократско право и дека особено е лошо што намалените поведенија може да влијаат на учениците од 9 одделение при запишувањето во средните училишта.
Од иницијативата апелираа до родителите на учениците, да побараат од училиштата писмени известување зошто им се намалени поведенијата на децата, за да можат со нив да упатат преставки до Народниот правобранител.