Ковид19 Македонија Топ вести

За прв пат по повеќе од 9 месеци денеска нема ниту еден починат од Ковид-19

Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.

Регистрирани се 9 оздравени пациенти од:

Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

Нема пријавено починато лице.

Направени се 3.068 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–66, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-174, Авицена-275, Биотек-391, Систина-118, лабораторија Лаор-374, Синлаб-30, Ремедика-13, Плодност–107, Генеа–43, Никоб лаб-329, ВФВ Медикал-94, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 708.

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68.611, активни  189

Куманово 8.868, активни  52

Прилеп 8.318, активни  33

Тетово 7.232, активни  28

Битола 6.304, активни  18

Велес 5.471, активни  3

Гостивар 5.180, активни  14

Кавадарци 5.153, активни  0

Охрид 5.011, активни  19

Штип 4.959, активни  2

Струмица 4.113, активни  6

Струга 2.981, активни  4

Кочани 2.791, активни  4

Кичево 2.578, активни  26

Гевгелија 2.195, активни  3

Неготино 2.184, активни  4

Свети Николе 1.523, активни  1

Ресен 1.234, активни  0

Крива Паланка 1.222, активни  2

Радовиш 1.161, активни  7

Берово 1.029, активни  0

Делчево 972, активни  4

Дебар 941, активни  2

Виница 886, активни  5

Пробиштип 789, активни  0

Валандово 666, активни  1

Богданци 494, активни  0

Крушево 490, активни  1

Демир Хисар 400, активни  3

Демир Капија 396, активни  0

Кратово 376, активни  3

Македонски Брод 359, активни  1

Пехчево 268, активни  0

Македонска Каменица 249, активни  2

Дојран 132, активни

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе