Најважни Свет

Во Кнесетот денеска ќе се гласа за новата израелска Влада, крај на ерата на Нетанјаху

Израел се подготвува денеска да сврти нова страница во својата историја, кога новото парламентарно мнозинство на гласање во Кнесетот треба да ја потврди „коалицијата за промени“ и со тоа да стави крај на владеењето на Бенјамин Нетанјаху, најдолго во историјата на земјата.

Кнесетот се состанува на вонредна седница во 13 часот по Гринич (16 часот по локално време) за да им се овозможи на центристот и опозициски лидер, Јар Лапид, и лидерот на радикалната десница, Нафтали Бенет, да го претстават својот тим, за што ќе се гласа во текот на вечерта.

Оваа коалиција, што опфаќа две левичарски партии, две партии на десниот центар, три десничарски партии и една арапска партија, успеа да собере мнозинство од 61 член во 120-члениот парламент.

Доколку биде изгласана, што се очекува, од власта дефинитивно си заминува Бенјамин Нетанјаху, кој во Израел владееше 12 години.

Соочен со случај на корупција, Нетанјаху (71), вчера, исто така, беше и цел на протести пред неговата официјална резиденција во Ерусалим. Демонстрантите не чекаа да се гласа за да го прослават падот на Биби, прекарот на Нетанјаху, кој е лицето на Израел од враќањето на власт во 2009 година, откако претходно веќе беше на чело на владата од 1996 до 1999 година.

Новата коалиција првите две години ќе ја води Нафтали Бенет, шеф на партијата Јамина, а потоа Јар Лапид исто толку време.

По гласањето во Кнесетот, официјалниот трансфер на власта ќе се случи во понеделник во кабинетот на премиерот.

Ликуд на Нетанјаху вети „мирен трансфер на власта“ по двегодишна политичка криза одбележана со четири избори што завршија или со неможност да се формира нова влада или влада на единство што траеше само неколку месеци.

„Владата ќе застане во одбрана на целото население – верници, лаици, ултраортодоксни, арапи – и тоа, без исклучок“, вети Нафтали Бенет, поранешен соработник на Нетанјаху.

„Населението заслужува одговорна, ефикасна влада што ја става благосостојбата на земјата во првите редови на нејзините приоритети“, додаде Јар Лапид, кој треба да биде шеф на дипломатијата за време на премиерскиот мандат на Бенет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе