Економија

Стручните училишта ги менуваат образовните програми според потребите на пазарот

Средното училиште Димитар Влахов во Струмица за неколку години направи коренита промена на образовните струки и профили. Од стручно училиште со генерално земјоделски профили на образование, овде сега доминира здравствената струка, а дел од постоечките полека исчезнуваат. Директорот на училиштето, Димитар Ѓоргев, вели дека се следат трендовите и се менуваат струките согласно потребите на општеството, но и интересите за образование на младите.

Кај младите се губи желбата за занимавање со земјоделство, па не е и чудно што дел овие струки не се занимливи како избор за средно образование. Сепак, училиштата очекуваат дека промените во профилите и новите програми ќе донесат многу кандидати.

Промени има и во средното училиште „Никола Карев“ во Струмица. Таму, пак последните години се поатрактивни се техничките струки, со оглед на брзиот развој на информатиката и технологијата.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Индустриското производство со раст од 9,4% во мај

Дејан Дејан

Фајнанс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе