Вести Свет Топ вести

Пулицер за тинејџерката која го сними убиството на афроамериканецот Флојд

Најпрестижната американска награда за новинарство Пулицер синоќа ја доби тинејџерката Дарнела Фрејжер, која ја сними смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што поттикна протести против полициската бруталност ширум светот.

Фрејжер имала 17 години, кога ја сними смртта на Флојд во мај 2020 година, при неговото приведување во Минеаполис.

Весникот Стар трибјун (Star Tribune) од Минеаполис доби Пулицерова награда за категоријата „ударна вест“ (breaking news) за убиството на Флојд на 25 мај 2020 година и граѓанските немири што избија прво во Минеаполис, а потоа ширум САД и светот.

Новинската агенција Ројтерс доби награда за мултимедиумски проект наречен „Шилдед“ (Shielded), игра со зборови што значи и полициски значки и заштита и покажува како законите стари половина век ги штитат американските полицајци од гонење и осудување за бројни грешки.

Агенцијата Асошиејтед Прес доби две Пулицерови награди за фотографија, една од протести за расната неправда во САД, а другата з апоследиците од пандемијата со Ковид-19 врз старите лица во Шпанија. Главниот фотограф на АП во Шпанија, Емилио Моренати ја доби наградата за фотографијата на која повозрасна двојка се гушка и бакнува преку пластична заштита.

АП досега има освоено 56 Пулицерови награди, од кои 34 за фотографија

Во категоријата локално новинарсто наградата ја добија двајца новинари од Тампа Беј тајмс (Tampa Bay Times) за низата текстови за шерифот од округот Паско, Флорида, кој ја злоупотребува својата моќ и малтретирал луѓе кои би можеле да го прекршат законот.
Њујорк тајмс доби Пулицерова награда во категоријата јавна служба, а новинарот на списанието Атлантик, Еди Јанг доби награда за описно новинарство.

Пулицерова награда за белетристика доби Луиз Ердрих за романот „Night Watchan“ за преместувањето на домородните американски племиња во текот на 50-тите години од минатиот век.

Пулицерова награда за музика доби композицијата „Stride“ на Тание Леон, а за драма е наградена претставата „The Hot Wing King“ на Кетори Хол.

Пулицерова награда се доделува во 22 категории, од кои 15 од областа на новинарството и седум награди за литература и музика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе