Македонија Топ вести

Полошките општини не го уплатиле оснивачкиот влог за заедничкото комунално претпријатие

Додека полошкиот регион се дави во смет, заедничкото Јавното претпријатие „Русино Полог“, кое треба да управува со отпадот во регионот, никако да започне со работа, иако е формирано во декември минатата година.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, вели дека општините се уште не го исплатиле оснивачкиот влог.

Мора да се разбере дека општините треба одвојат средства за основачкиот капитал за формирање на регионалното јавно комунално претпријатие. Зборуваме за 20 илјади евра вкупно. Не знам зошто се уште не ги платиле. Се сретнавме минатата недела. Заедно се согласивме за краен рок 15 јуни за нив да го платат оснивачкиот влог, изјави министерот насер Нуредини.

Дека општините не ја исполниле својата обврска потврдува и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

Претпријатието треба управува со отпадот во сите полошки општини, кој, пак, ќе биде депониран во Русино. Министерот Нуредини, најави дека за тоа ќе бидат обезбедени дополнителни средства.

Сѐ уште чекаме дозвола од Меѓународната банка за обнова и развој, но наскоро ќе ни одобрат 55 милиони евра кои ќе бидат инвестирани низ целата држава, од кои 17 милиони се резервирани за полошкиот регион, односно за Русино, вели Нуредини.

Според планот предвидено е депонијата Русино да функционира како санитарна депонија, додека не се најде друга локација, но најпрво треба да се спроведат брзите мерки за санирање на последиците.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе