Петмина економски советници кои МНР ќе ги испрати во амбасадите и конзулатите во Европа и САД ќе бида од министерството за економија и земјоделство кои се вклучуваат во економската дипломатија. Од министерството за економија тројца советници одат во Женева., Брисел и Чигако. Советникот кој ќе биде изспратен во Женева примарно ќе работи со светската трговска организација додека преставникот во Брисел ќе има задача да ги исполнува дел од поглавјата кои треба да се хармонизираат со ЕУ а се под министерството за економија.
Од земјоделие ќе биде испратен претставник во амбасадата во Рим а негова примарна задача ќе биде организација за храна и земјоделие – ФАО. Министерството ќе испрати уште еден претставник кој ќе биде стациониран во амбасадата во Каиро, Египет.
МНР пак ќе испрати економски советник во Софија кој ќе се фокусира на спроведување на акцискиот план со Бугарија.
Мандатот на еконосмките советници е до 3 години а платата ќе биде изедначена со онаа на дипломатите во таа држава. Одлуката за упатување е една година со можност за продолжување кое ќе зависи од годишна евалуација за нивната работа која е новина во овој проект. Методологијата за оцена на активностите веќе е испраена до сите амбасади и конзулати.
Во првата фаза на овој пилот проект МНР веќе назначи четворица економски советници кои допрва ќе бидат распоредени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби
Огнен Чанчаревиќ