Македонија

Државата ќе се брани со илјадници докази пред Стразбур

Доказен материјал од илјадници страници и  60 страници писмен одговор, државата денеска, на денот кога истекува крајниот рок, ќе испрати во Стразбур за случајот со помилувањата на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов.  Не се открива какви точно докази содржи материјалот.

Поранешната судијка во Судот во Стразбур, Цаца Николовска, не сака да прејудицира каква ќе биде пресудата. Укажува дека, законитоста е клучниот елемент што треба да се утврди. Доколку се утврди незаконитост при постапувањето на кој било орган, вклучително и на поранешниот претседател на државата, тоа би било крај на постапката.

Се работи за одговор на 9 апликации на 10 поранешни функционери кои од Меѓународнуиот суд во Стразбур побараа да паднат судските предмети во кои се или допрва ќе бидат осудени, повикувајќи се на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов во 2016 година. Се работи за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски,  Киро Тодоровски, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талевски иТони Јакимовски.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе