Вести Македонија Топ вести

Се уриваат дивоградбите на плажите во Охрид

Со полициско обезбедување, но без проблеми, утрово започна уривањето на платформите и отстранувањето на урбаната опрема на најпознатите плажи на Охридското крајбрежје. Додека екипите со градежна механизација,  ангажирани од локалната самоуправа,  ја  демонтираа  металната конструкција на плажата „Куба Либре“, сопствениците  револтирани, реагираа досега никој не ги известил што треба да изменат на  плажата  изградена според проект одобрен од надлежните пред 14 години.

-Во 2007 година ни дадоа  проектна документација како да изгледа плажата. Отогаш до денес не е мрдната ни лево ни десно. Плажата е по сите можни проекти и дозволи од државата и општината, вели Марјан Маловчев, од  плажата „Куба либре“ 

Иако концесијата за „Куба Либре“  е истечена во 2018 година, поранешните концесионери тврдат  дека закупнината е платена до крајот на  август,  а  се жалат дека со подмирени сметки,  вчера  им била  исклучена и струјата.  Велат не се точни пресметките на градоначалникот Константин Георгиевски,  дека со истечени концесии нелегално во овие три години направиле профит од 190 милиони денари, односно 3 милиони евра.

-Не се 190 милиони профит, туку се 216 милиони  промет. Имаме  500 илјади евра  реинвестиции, 300 илјади евра се данок кон дражавата и сите платени концесии, вели Маловчев од „Куба Либре“.

Од  Општина Охрид  преку соопштение информираат  дека  нема да отстапат од  одлуката  да се  воведе ред и да стави крај на долгогодишното самоволие и хаотично стопанисување со плажите на охридското крајбрежје.

„Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети и нема да има никаква селективност во постапките“, пишува во соопштението од Општина Охрид. 

Освен на плажата „Куба Либре“, активности  има  и на плажите „Кадмо“, „Бела Виста“, а во наредните денови ќе се отстрануваат платформите и објектите на крахјбрежјето на  на потегот кон населбата „Канео“, информираат од Општина Охрид.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе