Вести Македонија Топ вести

Класична манипулација е Законот недела да е неработен ден, порачаа од Гласен Текстилец

Недела нема да биде неработен ден за работници, вака предложеното од страна на Владата, секој работодавец  може какошто ќе сака да си го толкува, оценува Кристина Ампева од Гласен Текстилец, кои изминатите години како здружение се бореше неделата да биде навистина ден за одмор на работниците. Според неа  нема автентично толкување и на делот дека во недела можат да работат и фирми кои имаат карактер на придружни или помошни на дејностите, кои можат да работат во недела.

Смета дека  ова нема да ги подобри работничките права. Очекува злоупотреби од страна на одредени работодавци, каков што и беше примерот со злопоупотребата на  субвенциите за плати во првите сетови на мерки, а истите фирми си продолжуваат и во петтиот и остануваат неказнети.

Решението е фирмите да се поврзат електронски со УЈП, дотогаш според Ампева ова е класична манипулација. Порача дека како Гласен Текстилец, заедно со други здруженија и синдикати Законот ќе биде оспорен на Уставен суд.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе