Вести Македонија

За две недели ќе биде готова првичната веризија на новиот Закон за легализација на дивоградби

За две недели ќе биде готова првичната веризија на новиот Закон за легализација на дивоградби, кој ќе биде постегнат и ќе биде наменет пред се за граѓаните, да ги легализираат своите домови, најави денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Во моментов се прават консултациите со стручната фела, архитекти и градежни инжињери, како и со невладиниот сектор.

Првичната верзија ќе биде презентирана пред јавноста, а ќе следи и дебата со политичките партии во собранието. И во новото законско решение нема да бидат опфатени, заштитени зони на Охридското крабрежје. Но, Бочварски не даде конкретен одговор на прашањето, дали во новиот закон ќе бидат опфатени и деловните објекти, кои се градени на диво.

Што се однесува за свлечиштата и одроните на магистралниот пат Кочани кон Делчево ќе се работи на нова проектна документација за решавање на проблемов, а засега барањето на жителите на Делчево за нов пат преку Калиманско поле не е ставено во програмите на државното претпријатие за патишта.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе