Македонија

Тетово со децении се соочува со проблеми со управувањето на сметот

Граѓаните со остри реакции, повикувајќи ги надлежните да изнајдат решение. Упатуваат критика кон Јавното комунално претпријатие, но и кон себе.

Додека градот се дави во смет, градоначалничката, Теута Арифи,  чија партија промовираше платформа за т.н. „зелена“ иднина, смета дека Тетово не е единственото со комуналните проблеми и дека се потребни генерални решенија во целата држава.

Сведочејќи на досегашната ситуација со отпадот од партијата „ДОМ“ изработиле пилот проект за подигање на еколошката свест и способноста за селектирање комунален отпад во Тетово, кој ќе го достават до ресорното министерство и до локалната самоуправа. Велат време е надлежните да преземат конкретни чекори.

Тетово со децении се соочува со проблеми со управувањето на сметот, а честопати беше и на врвот на листата на најзагадени градови.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе