„Главната причина заради која што беше баран притвор од Сашо Мијалков веќе не постои“, оцени за Телма, адвокатот Петре Василев. Според Василев кој е член на адвокатскиот тим на Мијалков, покренатата истрага „заради наводното бегство покажала дека бегство воопшто немало.“
Василев вели дека не е важно што се случувало во февруари и дали намерно била иницирана медиумска кампања со притворот на неговиот клиент туку е важно тоа што Сашо Мијалков „редовно се појавувал на сите закажани рочиште и буквално до збор ги почитувал сите изречени мерки.“
Очекувањата на адвокатот се дека оваа нова околност во случајот ќе биде земена предвид во Апелациониот суд затоа што доколку Мијалков не бегал и немал намера да бега, Василев не гледа причина „зошто покрај понудените гаранции не би му било дозволено да се брани од слобода“.
Миомир Серафиновиќ