Ковид19 Македонија Топ вести

Се договара пункт за ревакцини блиску до границата со Србија

Македонските државјани кои пред три месеци патуваа дури до Белград за вакцина, најверојатно ќе се ревакцинираат на пункт блиску до границата со Србија.  Откако вчера српскиот претседател Александар Вучиќ побара од владата да се дозволи слободна вакцинација на македонските државјани, Филипче утрово почнал преговори за ревакцинација.

Весникот „Блиц“ објави дека, Македонците кои ќе сакаат да се вакцинираат во соседството, ќе можат да бираат меѓу четирите вакцини кои ги има во Србија – „Фајзер“, „Синофарм“, „Астра Зенека“ и „Спутник В“.

Синоќа авион од Русија со компоненти за руската вакцина „Спутник В“ слета во Белград, а производството на вакцината во институтот „Торлак“  почнува денеска. Со тоа, Србија станува првата земја во Европа што ќе произведува руска вакцина. Во првата фаза ќе бидат произведени четири милиони дози од вакцината, која ќе се користи првенствено за српските граѓани, но ќе му се помага и на регионот.

Најавените 194 илјади руски вакцини за Македонија, пак,  се` уште не се знае кога ќе стигнат. Филипче не верува дека во доцнењето има некаква политика.Тврди дека секојдневно комуницира со рускиот амбасадор, во чии објаснувања за доцнењето воопшто не се сомнева. Во наредните седум дена треба да пристигнат 500 илјади вакцини на „Синовак“. Министерот очекува мирно лето, ковид центрите се практично затворени и засега нема никакви знаци дека нешто ја влошува епидемиолошката ситуација. Но, сепак е резервиран затоа што никој не може да предвиди со сигурност дали ќе се појави некаква мутација на вирусот.

Околу 180 илјади лица пријавени на сајтот на министерството, се` уште чекаат за вакцинација. Филипче најави дека, кога ќе се исцрпат овие списоци,што би можело да се случи на крајот на овој месец,  пунктовите ќе работат без закажување.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе