Свет Топ вести

Експлозија во фабрика за оружје во Чачак

Серија силни експлозии кои започнаа час и половина после полноќ, го осветлија небото над српски Чачак како ден и ги натераа жителите на овој град да побегнат од своите домови и ноќта да ја мината што подалеку од фабриката за оружје „Слобода“. Некои од нив се криеја во подрумите, а утрината започнаа да пријавуваат штета како искршени прозорски стакла во домовите и на автомобилите, велат има настрадано и стока.

Оние кои живеат во близина на фабриката се уште се еваукирани. Власта смирува дека ситуацијата е под контрола, граѓаните велат „полошо отколку кога НАТО бомбардираше“. Магацинот кој експлодираше се наоѓа на околу 800 метри од влезната порта. Во управната зграда е безбедно, таму на состанок пристигна министерто Небојша Стевановиќ, кој пред раководството истакна дека е добро тоа што пожарот а подоцна и екслплозијата се случила во магацин каде се чуваат запалки и други компоненти каде нема артилериска муниција.

Значи немаше таков вид на муниција, што не значи дека опасноста во целост отстранета и дури кога ќе помине времето кое е предвидено според правилниците и кога во целост ќе биде безбедно да се пристапи истрагата ќе покаже кои се причините за пожарот односно експлозиите кои следуваа потоа, рече стефановиќ.

Според протоколите потребно да поминат 245 часа по последната експлозија за да се пристапи кон местото на експлозиите. Сите 60 работници од третата смена биле навреме евакуирани , а четворица се засолнале во подрумските простории на фабриката. Српскиот претседател Вучиќ истакна дека е најважно што нема човечки жртви, а штетат е поднослива.

Според прелиминарните проценки штетат е меѓу еден и пол и два миолиони евра. Наши три хеликоиптери тргнуваат во гаснење на пожарот, очекуваме операцијата успешно да биде завршена и од понеделник во целост да се продолжи со производството во „Слобода“ – Чачак. Секако дека такви работи се случуваат но, важно е мерките за заштита при работа и мерките за безбедност во иднина да бидат на многу повисоко ниво, рече вучиќ.

Ситуацијата во Чачак полека се смирува, сообраќајот во градот е нормализиран но сигурноста кај граѓаните после овој инцидент ќе остане разнишана.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе