Вести Свет Топ вести

И Канада одобри мешање на вакцините-прва доза Астра Зенека, а втора Фајзер или Модерна

Канаѓаните ќе имаат можност да изберат или исти две дози од ковид вакцината или втората доза да им биде различна, односно од друг производител. Препораката од канадскиот Научен одбор што за имунизација вели – ако првата доза од вакцината ви е Астра Зенека, втората како посилна доза може да ви биде од Фајзер или Модерна, кои се со поинаков состав од Астра Зенека.

Одлуката се базира на едно мало, но детално истражувања од страна на шпанските научници. Луѓето кои добиле прав доза на Астра Зенека, а втора доза од Фајзер, развиле двојно поголем имунитет, за разлика од оние на кои двете дози им била Астра Зенека.

Ефикасноста од вакцинацијата е поголема, затоа што регрутирате, активирате, разлилчни оружја на имунитетот. Така што има еден вид поврзаност меѓу двете различни  вакцини, вели доктор Андре Велите, кој е дел од националниот тим за имунизација на Канада. 

Одлуката е еден вид олеснување за луѓето кои се загрижени поради ризикот од опасни згрутчувања на крвта од вакцината „АстраЗенека“. Сепак, со мешањето на вакцини научниците велат дека несаканите ефекти како главоболка, чувство на замор и општа слабост може да траат подолго. Но, само кај помладата популација.

Франција, Германија, Велика Британија веќе два месеца ги мешаат Астра Зенека и Фајзер, и тука не се пријавени несакани ефекти. Затоа се очекува праксата да се прошири на глобално ниво, најмногу поради фактот што доставата на вакцини од страна на Астра Зенека целосно потфрли, и од оваа вакцина постои недостаток. Канада веќе одобри дека и Модерна и Фајзер може да се менуваат една со друга, бидејќи и двете вакцини се создадени на ист начин.

Некогаш доставата доцни, и затоа ова овозможува поголема флексибилност во системот за луѓето да ја примат првата и втората доза навреме. Не е важно дали сте добиле Фајзер или Модерна, бидејќи следната доза ќе ја добиете од онаа која е достапна во клиниките. Значи поголема лексибилност, повеќе можности за втората доза, со што ќе се забрза процесот, и ќе го направи полесен, што е добра вест, смета инфектологот Ајзен Богаш. 

Комбинацијата на вакцини од различни производители не е непозната за имунолозите: се користи за грип и хепатитис А, и ебола. Освен повисокиот имун одговор, комбинацијата на Астра Зенека и Фајзер има уште еден бонус – а тоа е подобро соочување со новите соеви на вирусот. Различниот состав на вакцините таргетира различни делови од вирусот, со што имунитетот ќе има повеќе од само едно оружје во борбата со него.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе