Вести Македонија Топ вести

Во тек полициска акција за криумчарење мигранти, уапсени шестмина

Најмалку шест лица се уапсени во големата акција Транспортер за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група, чиј водач бил 33 годишен велешанец. Меѓу уапсените засега нема полицајци. Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово. Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога. Од  МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе