Вести Македонија Топ вести

Георгиевски: „Голема е веројатноста Охридскиот регион да биде ставен на листата во опасност на УНЕСКО“

Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски ги извади багерите на Охридското крајбрежје руши дивоградби, но не е оптимист дека УНЕСКО ќе го промени заклучокот во наредните три дена и Охридскиот регион ќе спаси од препорака за ставање на листата на „Светско наследство во опасност“. Псоледниот сигнал на рактивната мониторниг група при УНЕСКО од јануари минатата година испорача извештај во кој наведе бавна реакција на надлежните иако охридскиот градоначалник тврди дека за овие 6 месеци општината направила најмногу досега.

Багерите расчистуваат времени објекти, тераси, уриваат диви приклучоци за феканлна канализација, а Герогеивски ги води напред од Лагадин преку Елешец па се до централното градско подрачје. Освен што граделе со истечена дозвола – охридските угоститле заработувале и милиони од кафулиањата крај и над езерето.

Ангажманот на општината запознаените невладини го коментираат како задоцнета реакција повикувајќи се на извештајот на УНЕСКО кој освен што предупреди даде и рокови. Па наместо мораториум за градба веднаш во 2017-та,одлуката стаса во 2019-та.  УНЕСКО е одново толерира, но бара брзи реакции, веалт од ОХРИД SOS.

Алармот од УНЕСКО е вклучен веќе четири години, период во кои локлната и централната власт најавуваа уривање ,а граѓаните одново беа сведоци на нови градби и доградби крај езерето и во заштитениот појас. Остана и марината која требаше да се дислоцира од Студенчишко блато според препоркаите на УНЕСКО, а дека Охридскиот регион и борбата со нелегаланите градби и урбанзиацијата тапка во место говори и ставот, пак, на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека во струшко нема дивоградби иако во Охрид беа констатирани околу 20, илајди цврсти и времени објекти градени вон законите.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индустриското производство со раст од 9,4% во мај

Дејан Дејан

Кос: Имате шанса што морате да ја искористите, нема да трае секогаш

Дејан Дејан

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе