Македонија Топ вести

Има ли недостаток од втората генерација цитостатици на клиниката за хематологија?

45 годишен битолчанец речиси 10 години боледува од хронична миелоична леукемија.

Зависен е од цитостатска терaпија, без која не може да живее. Веќе извесно време преминал на Дасатиниб, лек од втора генерација цитостатици, кои ги обезбедува државата за овие хронично болни лица.

Но вели дека пред еден месец не ја добил редовната тримесeчна доза на Клиниката за хематологија, па сега ги троши последните резерви.

“Кажуваат дека лекови нема, нема обезбедено Фондот  за здравство и не знаеме кога ќе пристигнат лековите. Тие лекарства ги обезбедуваме преку Клиника за хематологија. Одиме таму ни даваат лекови за три месеци, на секои три месеци добиваме лeкарства” – вели битолчaнецот кој сакаше да остане анонимен.

Битолчанецот кој сакаше да остане анонимен, вели дека има за само уште 8 дена терапија и стравува за својот живот.

Се прашува дали без лековите ќе биде во состојба да ги извршува секојдневните работни обврски и моли државата да му ги обезбеди потребните лекови.

“Секој ден живеам со помислата дали ќе се разбудам, ако немам лекови дали ќе останам жив, дали ќе можам да се борам понатаму. Сум пробал на приватно да ги купам лековите, но се многу скапи” – вели битолчанецот.

На прашањето на Телма од Министерство за здравство не наведуваат прецизно дали има или не лекови за болните од хронична миолоична леукемија.

Кусо одговорија дека на Клиниката за хематологија нема пациент кој што не прима соодветна терапија.

Но, од Здружението кое ги штити интересите на овие заболени, велат дека во моментот на клиниката е достапна само прволиниската терапија, но не и цитостатикот со кој се лекува битолчанецот,  Дасатиниб.

Претседателот на здружението  Пепо Леви, вели  дека терапијата е набавена и се очекува до средината од јуни.

“Второлиниската терапија дасатиниб и нилотиниб ги нема моментално, сега се потрошени, но очекуваат во наредните недела-две да ги добијат. Можеби  некој е исплашен, можеби му се смалила залихата, но во текот на месец јуни ќе бидат достапни за пациентите според информацијата што ја имам и од клиниката и од добавувачите” вели Пепо Леви, претседател на Здружение на пациенти со  хронична миолоидна леукемија.

Леви нема информација колку пациенти останале без лекови, но ги повика сите кои имаат некаков проблем, да се обратат до здружението.

Дали битолченецот кој има терапија уште една недела, навреме ќе ги добие лековите, е неизвесно.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Кос: Имате шанса што морате да ја искористите, нема да трае секогаш

Дејан Дејан

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе