Македонија Најважни

„Инциденти“ со Бугари во Хрватска не биле пријавени во полиција

Односите меѓу Скопје и Софија во центарот на предиборната дебата во Хрватска, каде премиерот и претседателот си разменија вербални навреди како провокатор и измамник. Пленковиќ го посочи Милновиќ како главен виновсник за напади на бугарски дрвајани во Хрватска, кои следеле после неговата критика на бугарската политика кон С.Македонија. Но претседателот тврди дека нема пријавено никакви инциденти во полиција.

Значи зашто сум јас подбуцнувац. Затоа што предупредив дека политиката на една држава, за кои Хрватите во принцип и не се заинтересирани. Кон друга држава која ние пријателска е некоректна. Дали е нормално претседателот на Владата да каже таква работа. Значи инциденти кон Бугарите, во Хрватска практично  нема Бугари, дневно илјадници Бугари влегуваат во Македонија јас би очекувал таму со мачети да ги бркаат. Но тоа не се случува. Тоа е многу неодговорно однесување, прашајте го човеков на што мислел – Зоран Миловановиќ, претседател на Хрватска.

За какви инциденти амабсадорката на Бугарија во Загреб, Генка Василева Георгиева ги известила надлежните органи, пишуваат хрватските медиуми. Таксист остро и приговорил на Бугарка која влегла во неговото возило: „Вие Бугарите со својата валкана политика кон Македонија доаѓате овде во нашата убава Хрватска“, а потоа застанал и ја замолил да го напушти возилото. Во вториот случај, бугарска државјанка пријавила дека кон неа и кон нејзиниот сопруг биле фрлени предмети на пазар. Продавачот почнал да ја навредува бугарската државјанка, затоа што, како што пишува во пријавата, „Бугарија ја уценува несреќна Макеоднија“. Во трет случај, наводно, на син на Бугарка му бил забранет пристап во градинка во Загреб, но случајот е решен, пишува „Јутарњи лист“.

Во духот на предизборието хрватскиот премиер Пленковиќ тврди дека неговата ХДЗ е таа која дека ги деблокиравме преговорите и одлуката да се отпочнат пристапните преговори на С.Македонија и Албанија со ЕУ, а Милановиќ со нишпто не придонел и по вторпат рече дека е подбуцнувач и измамник.

Како што тој подбуцнувач и измамник одговорен за пријавата која пристигна во Министерството за надворешни и европски работи и во службата на Владата на Хрватска од страна на амбасадата на Бугарија за напад врз тројца, јас мислев дека се двајца ама проверив и станува збор за тројца бугарски државјани во Хрватска. Зошто? Затоа што тој нешто зборувал на Брод кај Крањ – Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

 Милановиќ пред неколку дена, на Самитот во Брдо кај Крањ изјави дека Македонија се наоѓа во една невозможна позиција во процесот на евроинтеграциите и дека тоа што сега и го прави една соседна земја е „влегување во туѓо“, односно влегување во интимниот простор.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе