Одбојка Спорт

Одбојкарите добија тешка група на ЕП со три добро познати ривали

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби противниците на претстојното Eвропско првенство, а своите натпревари ќе ги игра во Тампере, Финска.

Македонија во септември ќе настапи на својот втор континентален турнир по ред. Денешната ждрепка ја смести нашата селекција во групата Ц, што ќе се игра во Тампере.  Интересно е тоа што ќе играме против три репрезентации со кои се сретнавме на претходниот турнир пред две години, па покрај домаќинот Финска ќе играме и против и Русија и Турција. Преостанатите два противника се Холандија и Шпанија.

Во рамки на групата А, што ќе се игра во Краков, освен домаќинот Полска се најдоа и Белгија, Србија, Украина, Грција и Португалија.

Во групата Б во Острава се најдоа домаќинот Чешка, Италија, Словенија, Бугарија, Белорусија и Црна Гора.

Естонија ќе биде домаќин на групата Д во Талин, а нејзини ривали ќе бидат Летонија, Франција, Германија, Словачка и Хрватска.

Европското првенство стартува на 1.септември и ќе трае до 19-ти истиот месец.
Нашата репрезентација во моментов се подготвува за настап на вториот турнир во Европската сребрена лига во Шлагелсе. На првиот бевме домаќини во Струмица минатиот викенд и запишавме две победи против Израел и Кипар, но загубивме од Данска со максимални 3-0.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трапановски: Со добар тактички пристап против силата и квалитетот на Белгија

Дејан Дејан

Мекларен повторно доминантен: Пјастри пред Норис во Шпанија

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го потврди првото засилување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе