Над 17 илјади граѓани од општините Битола, Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар се вакцинирани во битолскиот Регионален центар од почетокот на масовната имунизација. Од Здравствениот дом во Битола, велат дека интересот секојдневно се зголемува, а старосната граница се спушта, но паралелно се одвива и вакцинацијата и ревакцинацијата на повозрасната популација.
-Поради пропуштање на некои возрасни групи, не се пријавиле, не биле во можност да се вакцинаираат, тое се одвива на етапи. Некогаш сме стигнале и до 50 или 45 годишна возраст. Но не се изоствауваат најкритичните, најранливата кетогрија, над 60, 70, 80 години, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом-Битола.
Покрај вакцинацијата во Регионалниот центар во спортската сала на медицинското училите, мобилни медицински тимови ги вакцинираат неподвижните граѓани во нивните домови.
-Денес после пладне имаме повторно вакцинација и ревакцинација на луѓе кои се неподвижни, имаме возило со екипа на Итната медициснка помош, па нашите екипите со наше возило се транспортираат да ги вакцинираат во нивните домови, вели Спироковска.
Вчера во Битола пристигна нова пратка од 7000 вакцини од кинески Синофарм, со што од Здравствен дом велат дека процесот на имунизација продолжува непречено.
Емилија Мисирлиевски