Македонија Топ вести

Експертите тврдат:  Законот за легализација полн со недостатоци, овозможува амнестија на криминал

Правници, архитекти, судии со низа забелешки околу содржината на законот за легализација на дивограбите, недореченостите и дупките со кои се овозможува амнестоија на криминал, како кај лицата кои бесправно граделе така и кај надлежните кои не постапувале. На денешната дебата организирана од Антикорупциската комисија едногласно се согласија, во заштитените подрачја не смее да има легализација.

Градежниот инспекторат а не комисија формирана од општината треба да ги идентификува дивоградбите, лице кое бара легализација на повеќе објекти треба кривично да одговара, а викендици не смее да се легализираат се дел од забелешките на првиот човек на Инспекторатот за животна средина.

За судијата Владимир Туфегџиќ овој закон е контрадикторен сам по себе.

Тој посочи неколку членови и термини во законот кои се косат со посотечки закони и правни постапки и додаде данокот кој треба да се плаќа не може да биде ист треба да зависи од големината и вредноста на објектот.

Ексминистерката за правда и професор по Уставно опрво, Рената Десковска е децидна – само со уривање на дивоградби се испраќа јасна порака и побара овој закон да се повлече.

Архитектите сметаат дека пред да се почне со изготвување на закон мора да се има инвентар на дивоградби и да се утврди точната причина како и зошто настанала таа дивоградба.

Тие се децидни легализација може само ако е во рамките на ДУП и просторното планирање.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе