Македонија Топ вести

Журка со диџеј и стотина присутни  пред Музејот на Македонија

Журка со диџеј, стотина лица без маски и дистанца, непочитување на сите здравствени протоколи, вака изгледаше вчера платото пред Музеј на Македонија.  Снимката веднаш беше споделена на социјалните мрежи и ја разбранува јавноста, Директорката на Музејот на современа уметност Мира Гаќина вели дека не станува збор за забава, туку за музички перформанс на отворено во рамките на годинашното Биенале на млади уметници.

Сите посетители без исклучок во затворените простори носеле маски, на влезот им била мерена температура и направено дезинфекција на рацете, вели Гаќина. Сепак ситуацијата на отворено била сосема поинаква.

“Жал ми е што еден ваков програмски настан беше препознаен како атак врз јавното здравје. Се разбира уште од почетокот на пандемијата ние се однесуваме крајно одговорно кон оваа глобална криза и не само што ги превземавме сите мерки на нашата установа туку направивме се за да ја дигнеме јавната свест за сериозноста на оваа закана. Задолжените редари кои ги имавме таму ги опоменуваа присутните надвор кои  повремено ги симнуваа маските за да се напијат пијалак или да запалат цигара, за повторно да ги вратат маските на лицето” – вели директорката на музејот на современа уметност.

Министерството за внатрешни работи постапува во врска со журката, на која учествувале голем број присутни, кои не носеле ниту маски ниту пак имало дистанца.

Се најавуваат казни за непочитувањето на мерките за заштита од ковид – 19, имајќи предвид дека според важечките мерки, забави со диџеј се уште се забранети.

Според сегашните протоколи забранети се масовни собири, задолжително е носењето маска на отворено и не е дозволено организирање настани со жива музика. Собирот пред Музејот на Македонија е во рамките на 13 то Меѓународно биенале на млади уметници „Страст за лутање“  во организација на МСУ кое почна во средата во Музејот на современа уметност, продолжи во четвртокот во Природонаучниот музеј, и изложба во Управата за хидрометеоролошки работи со музички перформанс на џез составот „Светлост“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе