Македонија Топ вести

ГАК: 33-годишната почината пациентка И.К. имала автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево

Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје вчера попладне го доби хистопатолошкиот наод за пациентката И.К. од Скопје, родена 1987 година, која почина на КАРИЛ на 9 мај 2021, а која беше примена на ЈЗУ У ГАК на 21 април 2021 година со голем тумор на матката и оперирана на 22 април со уреден оперативен тек.

Наодот, како што наведуваат во соопштение, оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостаток на мускулниот слој на тенкото црево што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што беше причина за вториот оперативен третман на пациентката во присуство на дигестивен хирург.

Истакнуваат дека оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната но најчесто е асоцирана кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест. Системската форма на оваа болест, појаснуваат, според достапната литература, е асоцирана со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно.

Напоменуваат дека пациентката има историја за претходни оперативни зафати, извадена слезинка пред пет години и пунктирани лимфни јазли пред три години кои веројатно се во склоп на системската болест што ја имала пациентката.

Во соопштението стои дека триесет и тригодишната пациентка  шест дена се лекуваше на ГАК и во стабилна состојба на 29 април  е хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе