ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта за хипокризија и лицемерие затоа што едно им ветила на малите партии пред избори, а сега дава негативно мислење на измените на Изборниот закаоник. Декларативните заложби за една изборна единица и отворени листи на локалните избори.
Откако Владата не даде зелено светло на измените на изборниот законик кој го поднесоа малите парламентарни партии, извесно е дека нема консензус за овие прашања. Владејачките СДСМ и ДУИ се правдаат дека за ова прашање треба да одлучат работните групи кои неодамна се формираа за промена на изборниот модел, но далеку се од договор.
Изборниот законик досега е менуван 35 пати. На неколку наврати беа формирани работни групи но компромис за изборниот модел не се постигна. Со децении се гласа во 6 изборни единици со затворени листи, што ги исклучува шансите на помалите партии или независни кандидати. Отворените листи секогаш се само декларативна заложба на партиите кои се на власт не почитувајќи ги долгогодишните препораки на ОБСЕ/ОДИХР.
Јулијана Пешевска